Шампионот Вардар пропушти златна шанса да и се доближи на Шкендија

Skendija-Vardar

Шкендија и Вардар одиграа исклучително израмент и возбудлив дерби натпревар на отворањето на пролетната сезона во Македонската прва фудбалска лига, а од истото мора да се напомене дека како позадоволни си заминаа домаќините со оглед на тоа што ремито од 1:1 ја остави ситуацијата на табелата онаква каква што беше.

Во натпревар со многу шанси на двете страни, стрелците беа резервирани до самата завршница на мечот, а тогаш видовме по еден гол на двете страни со што Шкендија направи нов голем чекор кон титулата бидејќи остана на плус осум во однос на Вардар.

„Црвено-црните“ од Скопје успеаја први да поведат во Тетово во 78-та минута со голот на Грнчаров, но сепак, актуелниот шампион не успеа да издржи до крајот и само седум минути подоцна прими гол откако Ибраими конечно го пронајде патот до мрежата на Гачевски кој претходно имаше неколку брилијантни интервенции.

Со ремито од 1:1 во Тетово, Шкендија остана на плус осум во однос на главниот ривал за титулата, па сега Вардар ќе мора да чека кикс на тетовци на некои други натпревари за да се доближи на првенствената табела.

На другите натпревари кои се одиграа во денешното 19-то коло во ПМФЛ беа остварени следните резултати:

Победа – Пелистер 1:1

Работнички – Ренова 0:0

Шкупи – Академија Пандев 5:2

Силекс – Скопје (одложено)

Facebook Коментари