Поврзете се со нас

Македонија

Шампионот Струга се засили со дефанзивец од Србија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/Fcstruga

Македонскиот шампион и актуелен лидер во Првата македонска лига, Струга Трим Љум ги засили своите редови со дефанзивец од Србија.

Се работи за 28-годишниот Никола Влајковиќ кој во таборот на стружани доаѓа од Раднички Ниш, тим за кој одигра 15 средби во актуелнава сезона, 13 во првенството и 2 во Купот на Србија.

Влајковиќ е десен бек, но по потреба може да игра и на спротивната страна. Ова за него е прво искуство надвор од неговата земја, досега има настапувано за Раднички Крагујевац, Нови Пазар, Раднички Пирот, Јагодина и други српски тимови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни