Поврзете се со нас

НБА

Шампионот со лекција за Бруклин, Кари со трипл-дабл им пресуди на Лејкерс (Видео)

Објавено

на

Новата НБА сезона започна со победи на Милвоки и Голден Стејт на две дерби средби во кои поразени беа Бруклин и Лос Анџелес Лејкерс.

Актуелниот шампион Милвоки предводен од Адетокумбо кој постигна 32 поени, издоминира во дуелот со Нетс, кој заврши со резултат 127:104.

Милвоки не остави ништо на случајот и откако стигна до 31:12, не дозволи да ја загуби предноста, при што имаше и одличен последен период за потврда на убедливата победа.

Кај гостите Дурент постигна 32 поени, додека Милс и Харден го завршија дуелот со 21, односно 20 поени.

Леброн Џејмс и Ентони Дејвис беа најдобри реализатори на дуелот меѓу Лејкерс и Вориорс, но Голден Стејт победи на калифорниското дерби со 114:121.

Џејмс и Дејвис постигнаа 34, односно 33 поени, додека Стеф Кари го предводеше Голден Стејт со првиот трипл-дабл во новата сезона, реализирајќи 21 поен и по 10 асистенции и скокови.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни