Поврзете се со нас

Англија

Шампионот Сити го освои „Стемфорд Бриџ“, фановите посебно му фаќаат сеир на играчот кој го провоцираше Халанд (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Манчестер Сити го започна својот нов шампионски поход со победа на „Стемфорд Бриџ“, стадион на кој ова попладне беше јасно дека доста мотивиран за игра ќе биде Ерлинг Халанд.

Норвежанецот во текот на летото беше непотребно провоциран од Марк Кукурелја за време на шампионската прослава на Шпанците по повод европската титула, но еден месец подоцна, Ерлинг е тој кој слатко се смее.

Напаѓачот на МАнчестер Сити гоо постигна голот за водствоо во директен дуел со Кукурелја, а тоа ги натера и неутралните фудбалски фанови да му фаќаат голем сеир на левиот бек кој малку претера со прославата.

На социјалните мрежи експресно почна да се потенцира лекцијата која треба да ја научи шпанскиот лев бек, кој сега сигурно ќе мора да ги трпи потсмевањата во наредните неколку часа.

Што се однесува до останатиот дел од дербито во Лондон, Сити ги контролираше случувањата и успеа да го наметне тоа што го имаше замислено, па Матео Ковачиќ беше тој кој го реши прашањето околу победникот со голот за 0:2 во 84-та минута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни