Шампионот се засили: Милошевиќ ново име кај МЗТ Скопје

milosevic

Македонскиот шампион, МЗТ Скопје донесе ново име во своите редови и тоа српскиот интернационалец  Ѓорѓе Милошевиќ.

Се работи за искусен кошаркар кој игра на позицијата ниско крило, но кој исто така добро се снаоѓа и како бек-шутер, а со клубот од Аеродром потпиша договор до крајот на сезоната. Тој во досегашната кариера има настапувано за два тима Хемофарм Вршац (2011-2014) и босанска Игокеа (2014-2019).

Има освоено три шампионски трофеји во БиХ и пет победи во Купот на оваа земја, додека пак со младинските селекции на Србија има освоено сребрен и бронзен медал.

Се очекува тој да дебитира во дресот на „штрковите“ на средбата со Ловќен во АБА2 лигата закажана за наредната седмица.

Facebook Коментари