Поврзете се со нас

НБА

Шампионот се врати во игра, Торонто ја анулираше негативата од 2:0 во серијата

Објавено

на

Актуелниот шампион во НБА Лигата, Торонто Репторс успеа да ја анулира предноста од 2:0 во полуфиналната серија на Истокот и со вчерашната победа од 100:93 над Бостон да го изедначи резултатот.

Во еден доста интересен натпревар за гледање, Паскал Сиакам и Кајл Лаури кај победникот имаа одлична вечер затоа што и двајцата завршија со дабл-дабл чиноци.

Сиакам натпреварот го заврши со 23 поени и 11 скокови, додека Лаури уфрли 22 поени и десет скокови.

На другата страна стандардно добар беше Џејсон Тетјтун со 24 поени и 10 скокови, а 15 запиша Кемба Вокер.

На Западот пак, Денвер славеше победа против Лос Анџелес Клиперс од 110:101 и со тоа го изедначи резултатот на 1:1 во серијата.

Никола Јокиќ имаше одличен натпревар со 26 поени и 18 скокови, додека Џамал Мареј натпреварот го заврши со 27 поени.

Пол Џорџ беше најдобар кај Клиперси со 22 поени, а тивок на средбата беше КАвај Ленард кој заврши со 13 уфрлени поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни