Поврзете се со нас

Македонија

Шампионот се препоти: МЗТ мораше „двапати“ да го победи Гостивар

Објавено

на

foto: kfsm.mk/

Екипата на МЗТ Скопје мораше да вложи многу труд и пот да ја оправда фаворитската улога во соочувањето со Гостивар во Првата македонска лига.

„Штрковите“ како во повеќе наврати сезонава покажаа одредени слабости и Гостивар можеше тоа да го искористи и да го шокира шампионот во „Јане Сандански“. Се изгледаше дека МЗТ е на добар пат да дојде до сигурен триумф со оглед на тоа што водеше со 61:53 по три четвртини, а на 5:50 до крајот имаше плус 13 (70:57).

Меѓутоа избраниците на Атанасов доживаа пад во играта и дозволија противникот до крајот на четвртата четвртина да постигне 28 поени од кои и луда тројка на Роудс со звукот на сирената за 85-85 и дополнителни пет минути.

Во овој дел „металците“ одиграа подобро и со 11:5 конечно го затворија натпреварот со посакувниот резултат.

Слај и Копривница искомбинираа 42 поени, Митевски пак со 27 кошеви беше прв стрелец кај гостите.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни