Македонија
Шампионот падна во Скопје: Вардар го надигра Пелистер во првата лигашка пресметка

Ракометарите на Вардар 1961 славеа над Еурофарм Пелистер со 30-25 во првата лигашка пресметка во натпреварувачката 2023/2024.
Пред неколку дена „црвено-црните“ го надиграа вечниот ривал и во Супер Купот на Македонија, па ова јасно покажува четата на Недановски и Стоилов е одлично подготвена и спремна да даде се од себе во оваа кампања за да го врати тронот во македонскиот ракомет.
Вардарци беа подобар ривал низ сите 60 минути во СЦ „Јане Сандански“, знаеја што да направат во секоја ситуација, да одиграат на високо ниво како во одбраната така и во нападот. На голот блескаше Томовски кој имаше двоцифрен број на одбрани, додека во нападот расположени беа Јасихура, Срдановиќ, Лазаревски…
Скопскиот тим сега има два од два, во наредното коло ќе се соочи со Тинекс Пролет.
Пелистерци пак имаа дуел со Мулти Есенс.
-
Шахпред 10 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Балканпред 23 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 10 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 14 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 8 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 15 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Светпред 13 часа
Невил ги избра трите најважни летни трансфери и го посочи својот фаворит за титулата во ЛШ
-
Италијапред 14 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки