Поврзете се со нас

Македонија

Шампионот падна во Ѓорче, Работнички и Струга ги поделија бодовите

Објавено

на

Македонија Ѓорче Петров славеше над Вардар со 2-1, додека пак Работнички и Струга Трим Лум (1-1) одиграа без победник во саботните мечеви од шестато коло во првата македонска фудбалска лига.

Во Ѓорче домашниот тим обезбеди три бода против актуелниот македонскиот шампион благодарение на погодоците на напаѓачот Калид Абдул Басит. Тој беше двоен стрелец, погоди на самиот почеток на средбата и во судиското продолжение на првото полувреме.

На спротивната страна атрактивен погодок постигна Лазаревиќ, ама истиот не беше доволен за „црвено-црните“ за поволен резултат на оваа средба.

На другиот меч во Скопје, Работнички и Струга ТЛ ремизираа играјќи 1-1 со головите во вториот дел на Тошески и Цветановски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни