Поврзете се со нас

Германија

Шампионот падна во Франкфурт: Камада и Јунес му пресудија на Баерн (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Баерн Минхен претрпеа пораз од Ајнтрахт Франфурт од 2-1 на денешниот натпревар од 22. коло во Бундеслигата.

„Баварците“ за ова гостување не можеа да сметаат на многу играчи, дел повредени, дел заразени со коронаврусот, а тоа дефинитивно знаеја како да го искористат домаќините и го совладаат актуелниот шампион.

Домаќините се стекнаа со капитална предност во првото полувреме во кое преку Камада и Јунес го матираа Нојер. Баерн успеа да се врати во игра во раната фаза на вториот дел и тоа со голот на Левандовски во 53 минута, но избраниците на Флик не направија уште еден чекор до крајот, па го доживеаа третиот пораз во актуелнава кампања.

Ова е можност за РБ Лапциг со победа над Херта да му се доближи на Баерн на само два бода на прволигашката табела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни