Поврзете се со нас

Англија

Шампионот нема решение: Ова е најголемиот проблем на Сити сезонава (ФОТО)

Објавено

на

foto:twitter.com/CBSSportsGolazo

Манчестер Сити не го победи Арсенал во дерби средбата во Премиер лигата, поточно покажа премалку во мечот кој едноставно мораше да го добие и да испрати јасна порака дека се уште е главен фаворит за пехарот во домашниот шампионат.

Меѓутоа „граѓаните“ иако го имаа поседот на топка создадоа само една идеална шанса преку Аке што секако е многу скромно за состав кој е актуелен првак, тим кој доминира во англискиот фудбал веќе некое време.

Ама ова реми без голови дефинитивно ја покажа, потврди слабоста на Сити во кампањата, најголемиот проблем, а тоа се соочувањата со најдобрите клубови.

Имено клубот од „Итихад“ нема добиено ниту еден ривал од врвот на табелата, поточно оние кои се до петтото место. Доживеа порази од Арсенал и Астон Вила, еднаш ремизираше со „топчиите“, а бодовите ги подели и во трите соочувања со Ливерпул и Тотенхем.

Со ваков учинок тешко се доаѓа од пехар, ама има уште девет кола до крајот и останува да се види дали Гвардиола може да ја сврти ситуацијата и од третата да дојде до првата позиција на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни