Поврзете се со нас

Германија

Шампионот неефикасен: Леверкузен се претплати на „нула“ во Бундеслигата

Објавено

на

Foto:x.com/bayer04fussball

Баер Леверкузен скапо ја плати својата лоша реализација на денешниот натпревар во Бундеслигата, па така мораше да се задоволи со нова „нула“ во домашното првенство.

Со петочното дерби меѓу Леверкузен и Штутгарт беше отворена новата рунда натпрвеари во германската елита, а во натпревар за кој се предвидуваа многу голови, на крајот не видовме ниту еден.

„Фармацевтите“ беа далеку подобар ривал и во секој поглед го надиграа Штутгарт, но не направија разлика во главниот статистички елемент.

Петте удари кон голот на Штутгарт завршија без реализација на вистинско место, што значеше дека гостите далеку позадоволни си заминуваат од „БајАрена“.

За Леверкузен ова е четврто реми на последните пет натпревари во Бундеслигата, а тоа доволно алудира дека тимот на Чаби Алонсо се претплати на „нула“ во последно време, особено ако се знае дека одигра 1:1 и против Брест во Лигата на шампиони.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни