Поврзете се со нас

Германија

Шампионот не сака да ризикува: Баерн има две сценарија за Левандовски

Објавено

на

Роберт Левандовски веќе подолго време е дел од Баерн Минхен и има одиграно многу важна улога во успесите на клубот од 2014 година до денеска.

Полјакот перфектно се снајде на „Алијанц Арена“ каде стана вистинска гол машина, руши рекорди, а за тие партии беше награден од ФИФА за најдобар фудбалер на светот. Сепак времето си минува и Баерн сака да ја расчисти ситуацијата со Роберт кога е во прашање неговиот договор кој е со важност до 2023 година.

Имено според „Билд“ управата на „баварците“ има подготвено две сценарија, првото е да му биде продолжен договор, едногодишен со истите услови од актуелниот или пак нов двегодишен со тоа што во овој случај напаѓачот ќе мора да се согласи на намалување на платата.

Ако Левандовски не даде зелено светло тогаш тимот од Минхен е спремен да ја продаде ѕвездата наредново лето.

Според „Трансфермаркет“ цената на напаѓачот е 50 милони евра, сума која многу клубови би ја прифатиле за да го доведат полскиот репрезентативец без разлика на тоа што годинава ќе го прослави 34 роденден.

И самиот фудбалер ги остави во игра сите сценарија со тоа што јасно порача дека неговиот фокус е во сегашноста и предизвиците кои се најблиску во овој период.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни