Поврзете се со нас

НБА

Шампионот му одговара на Бруклин: Лејкерс носи центар со дабл-дабл учинок

Објавено

на

Составот на Бруклин Нетс повлече уште еден потег на пазарот и успеа да го добие потписот на ЛаМаркус Олдриџ откако овој претходно „раскина“ со Сан Антонио Спарс.

Со ова Бруклин формираа страшна Ол-стар петорка во која освен Харден, Дурент и Ирвинг се и сега споменатиот Олдриџ и Блејк Грифин кој пак дојде од Детроит Пистонс. Поради ова, но и секако поради подобрување на екипата, потег ќе повлече и шампионот ЛА Лејкерс кој според ЕСПН е на добар пат да го донесе Андре Драмонд.

Драмонд беше „замрзнат“ од Кливленд Кавалирс, па на крајот се дојде до разделба по што доста клубови се обидоа да го добијат неговиот потпис, а како што стојат работите Лејкерс бил најбрз и имал најдобри аргументи во таа битка.

Според новинарот на „ЕСПН“ Едријан Војнаровски, „езерџиите“ се во пол позиција и многу брзо треба да го официјализираа доаѓањето на Драмонд кој сезонава има учинок од 17.5 поени, 13.5 скокови, 2.6 асистеции, 1.6 украдени топки и 1.2 блокади.

Со неговиот ангажман составот од Лос Анџелес ќе добие многу во двата правци во борбата под кошевите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни