Поврзете се со нас

Шпанија

Шампионот мора да се потпре на школата: Чави меѓу надежите ќе бара квалитетни опции за Барселона

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Барселона не стои најдобри на финансиски план или поточно не може да си ги дозволи сите посакувани засилувања поради правилата кои ги има Ла Лига, па затоа многу тешко клубот договара нови имиња и доказ за тоа што засега се затворени само две зделки и тоа со играчи кои како слободни фудбалери слетаа на „Камп Ноу“-тоа се Илкај Гундоган и Ињиго Мартинез.

Каталонците и тренерот Чави Ернандез ќе мора да се потпрат на школата, популарната „Ла Масија“, па така „Спорт“ пренесува дека осум млади и талентирани играчи ќе ги започнат подготовките со првата екипа, а истите имаат голема шанса да бидат и дел од турнејата низ САД.

Се работи за Ламин Јамал, Марк Касадо, Естанис Педрола, Анхел Аларкон, Унаи Ернандес, Фермин Лопес, Пау Прим и новото засилување кое дојде од Хрватска, дефанзивецот Микаји Фаје).

Останува да се види кој од нив може да се наметне, ќе покаже дека може да биде дел од првата екипа во натпреварувачкаат 2023/2024.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни