Шампионот Маркез со изненадувачко признание: Не го кажав ова никогаш, но загубив коса поради Довициозо!

markez-sampion

Марк Маркез стигна до својата четврта титула во Мото ГП шампионатот и со свои 24 години уште еднаш најави дека има капацитет да ги урне сите рекорди во „кралската класа“, а за разлика од претходните трипати, оваа сезона за најсериозен ривал го имаше Андреа Довициозо кој го извади максимумот од мотоциклот на Дукати.

Шпанскиот возач исклучително скромно ја започна сезоната со својата Хонда и по двата пада кои ги имаше во првите неколку трки се чинеше дека загуби драгоцени бодови за титулата, но сепак неговите неверојатни перформанси во вториот и одлучувачки дел од сезоната го доведоа во ситуација да се бори за нов голем успех кој всушност го оствари на последната трка во Валенсија.

Маркез заврши трети во ситуација кога имаше и еден спектакуларен маневар со кој се спаси од сигурен пад, додека Довициозо во клучните моменти потпадна под притисокот и не успеа да ја заврши трката. На крајот, Маркез со уверлива предност во генералниот пласман стигна до својата шеста титула ако се земат во предвид сите категории во мотоциклизмот, а на прес-конференцијата на новинарите им откри нешто кое претходно никој не го знаеше.

– Довициозо беше многу тежок и силен ривал, научив толку многу нови работи од него. Оваа година бев под огромен стрес, тоа беше како кошмар. Ова не го признав никогаш претходно, но во еден дел од сезоната бев под толкав стрес што почна да ми паѓа косата и почнав да ја губам. Психолошките моменти ме доведоа до граница, но со ваков тим позади себе секогаш се оди напред. За крај, сакам да му честитам на Довициозо и Дукати. Тоа беше фер битка и им честитам на феноменалната сезона, – потенцира Маркез.

 

Facebook Коментари