Поврзете се со нас

Евролига

Шампионот ја доби битката со Баерн и го испрати на соочување со Барселона (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Анадолу Ефес славеа над Баерн Минхен со 81-76 во заостанатиот меч од 19.коло во Евролигата.

Со овој триумф актуелниот првак направи уште еден исчекор кон обезбедување на петтата позиција во основниот дел од шампионатот, односно го „забетонира“ германскиот претставник на осмото место кое значи дека во плејофот ќе се соочи со првопласиранаа Барселона.

Ларкин со 20 кошеви беше најефикасен играч, одлична поддршка беше Моерман со 17 поени. Кај поразените двоцифрени беа Рубит со 15 и Шишко со 11 поени.

На втората средба Алба Берлин беше подобра од Панатинаикос со 87-78.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни