Шампионот им се врати на победите: Азар шоу за радост на „Стемфорд Бриџ“ (Видео)

azar

Екипата на Челси ги заборави двата убедливи порази од Бурнмаут и Вотфорд и вечерва пред своите гледачи издвојува висок триумф од 3-0 над Вест Бромвич Албион во последниот меч од 27. коло во Премиер лигата.

Главниот збор го имаше белгискиот репрезентативец Еден Азар кој го диктираше темпото на игра на „сините“ плус постигна два погодоци. Првиот во 25 минута по добрата соработка со Жиру, додека вториот со кој ги потврди трите бода беше во 71 на асистенција за Мората.

Меѓу 10 и 11 сезонски погоок на Мората целта ја погоди и нигерскиот интернационалез Моузес.

Челси со 53 бода е на четвртото место на табелата, додека ВБА е закован на самото дно со 20 поени.

Facebook Коментари