Поврзете се со нас

НБА

Шампионот го пополни последното место во тимот: Лејкерс се засили со 7. пик на драфтот од 2013 година (ВИДЕО)

Објавено

на

Бранителот на титулата во НБА лигата, Лос Анџелес Лејкерс повлече уште еден потег, па по ангажманот на центарот Андре Драмонд успеа да го донесе во своите редови 28-годишниот Бен Меклемор.

Тој доаѓа во Лос Анџелес од Тексас, поточно од Хјустон Рокетс од каде си замина и како слободен агент се одлучи да им се приклучи на Леброн, Дејвис и компанија. Меклемор е седми пик на НБА драфтот од 2013 година, играч кој може да му донесе добар квалитет на првакот од клупата со оглед на тоа што одлично шутира за три поени.

Мината сезона шутираше со 40 проценти за три поени, годинава има послаб учинок, меѓутоа ако биде на поскауваното ниво дефинитивно може да биде сериозно „оружје“ на Лејкерс кои дефинитивно ќе имаат пеколна задача да го одбранат трофејот, врвот во шампионатот.

Инаку Бен ќе го пополни последното слободно место во ростерот на „езерџиите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни