Поврзете се со нас

Германија

Шампионот го освои Берлин, Волфзбург ги понижи „биковите“ од Лајпциг (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/bayer04fussball

Баер Леверкузен полека се враќа во посакуваниот ритам, па откако испорача „петарди“ во соочувањата со Хајденхајм (5-2) и Салцбург (5-0) попладнево оствари триумф на гостувањето кај Унион Берлин во рамките на 12. коло во Бундеслигата.

Актуелните шампиони триумфираа со 2-1 со погодоците на Фримпонг во првото и на Шик во второто полувреме (ТУКА можете да ги погледнете головите)

Со овој триумф Леверкузен го мина РБ Лајпциг на прволигашката табела, тим кој е во огромна криза и прашање е дали тренерот Марко Розе ќе преживее, остане на функцијата и по денешниот пораз од Волфзбург од 5-1. (ОВДЕ погледнете ги погодоците)

„Биковите“ беа посрамотени во својот дом, гостите ја користеа секоја слабост и веќе по првиот дел водеа со 3-0, потоа дојдоа и до 4-0 за да во финишот паднат уште по еден гол на двете страни.

Домашни триумфи остварија Аугзбург над Бохум (1-0) и Фрајбург против Борусија Менхегладбах, а пак Вердер и Штутгарт ремизиираа играјќи 2-2.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни