Шампионот го доби дербито, Вестбрук и компанија ја прекинаа негативната серија (Видео)

Составот на Голден Стејт Вориорс дојде до 35 сезонска победа во НБА лигата и тоа откако во дербито на вечерва славеше на гостински терен кај Торонто Репторс со 127-125.

Ова беше меч со сосема два различни полувремиња, во првото во полн сјај беше шампионот кој постигна дури 81 поен (81-57). Меѓутоа во вторите 24 минути видовме сосема поинаква слика и малку фалеше таа огромна позитива на четата на Стив Кер да биде избришана и Торонто да дојде до еден од најголемите пресврти во својата историја.

На крајот триото Кари-Томпсон-Дурент реализираше вкупно 75 поени, додека најсветла точка кај „рептилите“ беше Дероузен со 42 поени и 5 скокови.

Оклахома ја прекина серијата од три порази со триумф кај Шарлот со 101-91. Клучна се покажа завршната четвртина, истата им припадна на Тандер со убедливи 28-15 што им овозможи да дојдат до посакуваниот резултат. Дабл-дабл ефекти имаа Вестбрук (25 поени, 10 скокови) и Адамс (14 поени, 11 скокови), а пак кај поразените листата на стрелците ја предводеше Вокер со 19 поени, ама со лош шут 5 од 17.

Останати резултати:

Далас-ЛА Лејкерс 101-107 (прод.)

ЛА Клиперс-Сакраменто 126-105

Вашингтон-Бруклин 119-113

Чикаго-Детроит 107-105

Сан Антонио-Денвер 112-80

Facebook Коментари