Шампионот го доби дербито, Томас дебитираше за Лејкерс, Дејвис „испука“ 44 поени во драмата во Бруклин (Видео)

Isaiah Thomas

Најсилната лига на светот НБА ни донесе нови интересни натпревари во кои во прв план беше пресметката во „Оракл Арена“, дербито на Западот меѓу Голден Стејт Вориорс и Сан Антонио Спарс.

Истото во своја корист го решија домаќините со 122-105 и тоа откако противникот ги налути и првата четвртина ја доби со 10 разлика (37-27. Потоа избраниците на Кер фатија посакуван ритам и со три периоди во кои постигнаа над 30 поени ја прокнижија 43 сезонски триумф.

Листата на двоцифрени играчи ја предводеше Томпсон со 25 поени, Грин пак имаше 17 поени, 11 асистенции и 8 скокови. Андерсон и Олдриџ за Спарс реализираа по 20 поени.

Ајзеа Томас дебитираше со 22 поени и 6 асистенции за ЛА Лејкерс, но тоа не беше доволно за неговата нова екипа која загуби во Тексас кај Далас со 130-123.  Новицки со 22, Барнс со 21 и резервистот Пауел со 19 беа најзаслужни што Маверикс ја прекинаа серијата од четири славја на „езерџиите“.

Највозбудливиот меч беше одигра во Бруклин каде Нетс загубија од Њу Орлеанс со 138-128 по две продолженија. Регуларниот дел заврши 116-116, по што следуваше нова борба во која поистрајни беа „пеликаните“ на чело со Дејвис кој постигна вкупно 44 поени со 17 скокови.

Одличен беше Рондо со трипл-дабл (25 поени, 10 скокови, 12 асистенции), Миротиќ дојде до дабл-дабл (21 поен, 16 скокови), додека Холидеј додаде 22 поени со 7 скокови и 5 асистенции.

Во домашниот табор Краб даде 8 тројки или севкупно 28 поени, плејмејкерот Динвиди пак застана на бројката од 24 кошеви и 10 асистенции.

Останати резултати:

Орландо-Милвоки 104-111

Филаделфија-ЛА Клиперс 112-98

Чикаго-Вашингтон 90-101

Феникс-Денвер 113-123

Facebook Коментари