Поврзете се со нас

Македонија

Шампионот Еурофарм Пелистер објави разделба со седум ракометари (Фото)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер ја одбрани титулата во домашното првенство и покажа дека беше за нијанса подобар од своите ривали, а со тоа беше остварена најголемата цел која беше зацртана од стартот на сезоната.

И покрај лошото искуство во Европа, битолчани покажаа дека во овој момент се најдоброто од Македонија, но со цел да поправи сликата надвор од дома, најавено е дека ќе има важни промени во играчкиот кадар.

Пелистер не планира да застане тука и целта е да се продолжи со развојот, а во обид да дојде до нови засилувања со свежи сили, реши да се раздели со седум ракометари.

Старо-новиот македонски шампион денеска и официјално се раздели со седуммината ракометари на кои им истекуваа договорите, а тоа го направи со доделени специјални благодарници.

– РК Еурофарм Пелистер на крајот на сезоната се разделува со седум ракомери кои заминуваат од нашиот клуб на истек на договорот. Најискрено им се заблагодаруваме за професионалноста и ангажманот на: Урбан Лесјак, Калифа Гедбан, Марко Кизиќ, Марио Танкоски, Денис Васиљев, Руди Сери и Матеуж Пиеховски. Клубот им посакува успеси во новите средини и вратите на Еурофарм Пелистер и град Битола секогаш ќе бидат отворени за нив.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни