Поврзете се со нас

Англија

Шампионот договори уште едно засилување: Сити ќе плати 45 милиони фунти за наследникот на Фернандињо

Објавено

на

Англискиот шампион Манчестер Сити е на добар пат да затвори уште една трансфер зделка за која ќе издвои меѓу 45 и 50 милиони фунти.

„Скај Спортс“ информира дека „граѓаните“ го пронашле наследникот на досегашниот капитен Фернандињо кој си заминува од клубот, замена која доаѓа од Премиер лигата и тоа од редовите на Лидс Јунајтед. Се работи за англискиот репрезентативец Калвин Филипс кој има 26 години и остави одличен впечаток во изминатиов период пред се на ЕП кое се играше минатото лето.

Калвин ги одбил понудите од останатите тимови и сакал само да му се приклучи на Сити, желба која ќе му се исполни откако ќе бидат комплеирани уште две работи, личните услови што не би требало да биде никаков проблем, а секако ќе мора задолжително да ги мине медицинските прегледи.

Само за потсетување старо-новиот шампион претходно ги договори Ерлинг Халанд и Хулијан Алварез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни