Поврзете се со нас

НБА

Шампионот Денвер е нерешлива енигма за Лејкерс, Дончиќ блескаше во „Медисон Сквер Гарден“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/nuggets

Лос Анџелес Лејкерс претрпе уште еден пораз во пресметките со Денвер Нагетс во НБА лигата, овојпат на домашен терен со 114:106.

„Езерџиите“ загубија од истиот овој противник во првиот сезонски меч, во минатогодишниот плејоф беа разбиени со 4-0 во финалето на Западот што јасно покажува колку клубот од Колорадо е незгоден, поточно е нерешлива енигма за избраниците на Хем.

Интересен беше дуелот во Лос Анџелес во кој гостите на крајот сепак го имаа последниот збор, па така Мареј со 29 поени беше прв стрелец, Јокиќ не запиша трипл-дабл поради една асистенција (24 поени, 13 скока и 9 асистенции), додека ефикасно издание имаше Портер Џуниор со 27 поени.

Кај поразените дуото Дејвис-Џејмс искомбинира 57 поени.

Далас Маверикс пак го доби ослабениот Њујорк Никс во „Медисон Сквер Гарден“ со 122:108. Во елемент беше Дончиќ со 39 поени, 8 скока, 11 асистенции, 4 украдени топки и 1 блокада. Уште четворица кај Маверикс беа двоцифрени, тим кој сега има учинок 29-23 што е доволно за 8 место во западната конференција.

Резултати:
Индијана – Голден Стејт 109:131
Орландо – Сан Антонио 127:111
Бруклин – Кливленд 95:118
Њујорк – Далас 108:122
Мемфис – Чикаго 110:118
Милвоки – Минесота 105:129
Феникс – Јута 129:115
ЛА Лејкерс – Денвер 106:114
Портланд – Детроит 122:128 (прод.)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни