Шампионот без одговор за лидерот: Работнички го надмудри МЗТ во „вечното дерби“

MZT-Rabotnicki

Работнички го доби големото градско дерби на гостувањето кај МЗТ Скопје со резултат 76:71 и на тој начин уште еднаш истакна дека сезонава има шампионски амбиции и ќе се обиде по подолго време да ја врати титулата во своја сопственост.

Дербито на Првата македонска кошаркарска лига беше одбележано со израмнет натпревар во кој последната четвртина МЗТ Скопје влезе со предност 58:54. Сепак, Работнички одигра подобро и пред се поефикасно во завршните минути, со што избраниците на Марин Докузовски го совладаа актуелниот првак со 76:71.

Rabotnicki-MZT

Гинјард со 20 и Крстевски со 16 поени беа најефикасни во редовите на победничкиот тим, додека кај МЗТ Скопје, Стојановски постигна 19, а Симоновски 18 поени. Со овој триумф, Работнички останува на врвот без пораз по осум кола, додека за МЗТ Скопје ова беше трет пораз.

Facebook Коментари