Шалке ја отвори новата година со дерби победа, Бундеслигата никогаш понеизвесна (Видео)

salke-radost

Бундеслигата никогаш не била понеизвесна во изминатите неколку децении, бидејќи на средина на сезоната, дури пет тима се во сериозна битка за титулата, бидејќи од првото до петтото место има разлика од само седум бодови.

Лајпциг, Менхенгладбах, Баерн, Шалке и Борусија ги делат само седум бода, со тоа што тимот од Гелзенкирхен денеска дополнително ја зближи ситуацијата на табелата со дерби триумфот над Менхеглдбах. Шалке славеше со 2:0 во пресметката со која започна вториот дел од сезоната во германскиот фудбал, а творци на триумфот и новите три бода беа Сердар и Грегорич со погодоците постигнати на стартот на вториот дел.

Со овој триумф, Шалке изби на четвртото место израмнувајќи се со Баерн со 33 бода, но има два помалку од вечерашниот ривал, односно четири од првопласираниот Лајпциг.

Facebook Коментари