Шалке го притиска и бара одлука од Горецка: Направивме се за него, тој мора да…

leon-goretzka

Германскиот репрезентативец, Леон Горецка е еден од најбараните играчи на трансфер пазарот, а причината за тоа освен неговиот квалитет  е фактот што по крајот на актуелнава сезона тој ќе биде слободен агент.

Неговиот договор со Шалке му истекува, но клубот од Гелзенкирхен сака истиот да го продолжи со тоа што Леон на маса има понуди од Баерн Минхен, Барселона, Ливерпул…

Меѓутоа бундеслигашот не се откажува, има доставно богата понуда од Горецка, ама воедно сака да го добие неговиот одговор до крајот на овој месец.

-Ние направивме се за да тој остане. Во јануари тој треба да каже дали сака да остане или ќе си замине. Шалке ги прифати финансиските услови на Леон и неговите луѓе. Тој беше исто така важен за спортски развој на тимот минатото лето, сега по првата половина на сезоната, ние сме на второ место во лигата и во четвртфиналето на Купот на Германија. Леон може и мора да одлучи сега, -вели Клеменс Тониес кој е претседател на надзорниот одбор на Шалке.

– Јас цврсто верувам дека Леон Горецка може да има неверојатен развој во Шалке. Ние нема да му го блокираме патот кон уште поголем клуб за неколку години. Мислем дека се ќе биде во ред за него ако остане, -додаде функционерот на бунделигашот.

Facebook Коментари