Германија
Шалке 04 со хит одговор на тврдењата дека Хитлер бил фан на клубот од Гелзенкирхен
Германскиот клуб Шалке 04 ги освои симпатиите на фудбалските фанови со начинот на кој одговори на текст на британски „Тајмс“ во кој се тврди дека Адолф Хитлер своевремено бил фан на екипата од Гелзенкирхен.
Одговорниот за односи со јавноста во Шалке 04 решил дека новинарите во „Тајмс“ мора да добијат одговор за ваквото неосновано тврдење, пред се поради фактот што никаде во историјата не е забележано дека Хитлер навистина го бодрел овој клуб.
– Статијата ви беше навистина интересна за читање, иако досега не знаевме дека Хитлер имал слабост кон нашиот клуб, а камо ли дека бил фан на екипата.
– Решивме да откриеме како новинарите на ценетиот „Тајмс“ дошле до ваков заклучок, па затоа проверивме два пати дали во периодот меѓу 1933 и 1945 година клубот именувал некоја трибина „Трибина Фирер“, ги гледавме сите епизоди на „Ало,ало“, но повторно ништо…
– Научните тврдења велат дека Хитлер воопшто не бил фудбалски фан, а истражувањето било направено поради претпоставките дека Шалке во тој период освоил шест титули поради специјалната поддршка од нацистите. Резултатот е јасен, теоријата е смешна, во најдобар случај нацистите можеби се обиделе да ја искористат популарноста на тогаш најуспешниот клуб.
– Да заклучиме, ако Хитлер бил фан на Шалке поради титулите освоени од оваа екипа, тогаш тоа ја прави Маргарет Тачер голем фан на Ливерпул, а интересно таа не се најде во вашиот список на „Најлоши познати фудбалски фанови“, – стои во писмото потпишано од Герд Фос.
Excellent response from FC Schalke’s Head of PR to @thetimes who claimed that Hitler was a fan. pic.twitter.com/7KWA1Uf6Jv
— Andrew Bloch (@AndrewBloch) May 20, 2020
-
Лига на нации20 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП18 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации21 час
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Македонија15 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)
-
Лига на нации19 часа
Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години (Видео)
-
Лига на нации20 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Репрезентација10 часа
Миовски е автор на вториот најатрактивен гол во квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Свет18 часа
Арда го замолкнуваше Собослаи, ѕвездата на Ливерпул жестоко одговори за неговиот статус во Реал (Фото)