Поврзете се со нас

Германија

Шалке 04 назначи петти тренер од стартот на сезоната, легендарниот Матеус ги осуди јануарските засилувања (Фото)

Објавено

на

blank

Со остварен само еден триумф на 23 одиграни натпревари во Бундеслигата, Шалке 04 е закован за дното на табелата во германската фудбалска елита, а очајната ситуација во првиот тим дефинитивно предизвикува конфузија и кај раководните структури кои сега го назначија петтиот тренер од стартот на сезоната.

Фудбалскиот великан од Гелзенкирхен го назначи Гркот Димитрос Грамоѕис за нов тренер до крајот на оваа натпреварувачка сезона во која вистинско чудо ќе биде доколку тимот обезбеди спас, бидејќи во овој момент, „фенерџијата“ во Бундеслигата има дури девет бода помалку од тимот кој обезбедува бараж натпревар (Арминија Билефелд).

Грамоѕис доаѓа во првиот тим откако претходно заработија откази Вагнер, Баум, Стивенс и последно Грос, но легендарниот Лотар Матеус смета дека главниот проблем е кај играчите, а не кај тренерите кои во ситуацијата беа и жртви на катастрофалниот тим. Легендарниот Матеус посебно подбра тројца играчи откако тимот продолжи да тоне и по завршувањето на јануарскиот преоден рок, односно ги прозва трите големи засилувања.

– Колашинац, Мустафи и Хунтелар, тоа беа тројцата играчи од кои многу се очекуваше и кои требаше да дојдат до израз. До овој момент, тие се огромно разочарување. Сигурно е дека тројцата ќе си заминат по крајот на сезоната. Откако клубот „шутна“ четири тренери, отсега натаму треба да ја бараат вината кај себе, а не кај тренерите.

– Одговорност треба да понесат директорите и одговорните лица во клубот. Ако Шалке обезбеди опстанок, тоа ќе биде едно од најголемите чуда во историјата на Бундеслигата, – вели Матеус за тимот кој досега оствари 1 победа, 6 реми средби и претрпе дури 16 порази.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни