Поврзете се со нас

Европски првенства

Шаќири со ремек-делото постави историја на европските и светските првенства (Видео)

Објавено

на

Foto:instagram.com/swissnatimen

Џердан Шаќири можеби не оствари кариера како многумина замислуваа на клупски план, но кога е во прашање репрезентативната кариера, истата е навистина за секаков почит.

Шаќири успева да се најде во прв план на секои две години без оглед на тоа во каква форма е на клупски план, бидејќи секогаш кога ќе го облече дресот на Швајцарија, офанзивниот фудбалер го дава најдоброто од себе.

Доказ за тоа добивме и вчера на вториот меч на Европското првенство, на кој Шаќири на довербата од селекторот Јакин одговори со ремек-дело во мрежата на Шкотска.

Ова е трет спектакуларен гол кој го постигнува Шаќири на последните три Европски првенства, но Џердан постави и историја поради тоа што постигна гол и на последните три мундијали.

Шаќири вчера стана првиот активен фудбалер кој постигнал барем еден гол на последните шест големи натпрерварувања, односно три европски и три светски првенства.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни