Поврзете се со нас

Конференциска лига

Шаќири: Имаме одличен резултат, но не очекува пеколен реванш во Ереван

Објавено

на

Тимот на Шкендија издвојува победа над Арарат од 2-0 во првата средба во квалификациите за групната фаза во Конференциската лига на УЕФА.

Шкендија дојде до триумфот со два гола во првиот дел, па со одлична предност ќе го дочека реваншот во Ерменија. Тренерот Артим Шаќири е задоволен од прикажаното и оствареното, но во исто време предупредува дека ништо не е готово, односно дека ќе мора да го потврдат пласманот во наредната рунда на теренот на противникот.

-Ги реализиравме шансите кои се пружија. Исто така можевме да победиме со поголема разлика, но и ова е одличен резултат за нас. Не чекаат пеколни 90 минути во Ерменија, времето таму е такво, ќе играме и нема откажување од тоа.

– Ќе го анализираме натпреварот и да ги поправиме грешките, зда не се случат истите на реваншот, -порача Шаќири.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни