Шаќири доаѓа во Белград: Читам што се пишува, но јас не плашам од никого

saciri

Оваа година Црвена Зведа ќе игра во групната фаза во Лигата на шампионите, а еден од противниците ќе биде составот на Ливерпул за кого настапува Џердан Шаќири, еден од ликовите кој воопшто не е омилен во Србија особено по неговата прослава на погодокот на Светското првенство со покажување или поточно гестикулација на „двоглав орел“.

За овој потег Шаќири доби големи критики во Србија и Швајцарија, а неодамна првиот човек на Звезда, Ѕвездан Терзиќ истакна дека не верува дека Џердан ќе дојде во Белград или пак ако тоа го направи ќе биде помал од зрно од афион и нема воопшто да има добар пречек од домашната публика.

Токму на ова одговори фудбалерот на Ливерпул кој за швајцарски „Блик“ порача дека воопшто не се плаши и сигурно ќе дојде на соочувањето со „црвено-белите“.

-Не дозволувам ништо да ме плаши. Читам што се пишува, ама ќе отпатувам сосема нормално за да играм фудбал. Од никого не се плашам, -рече Шаќири.

Мечот меѓу Звезда и Ливерпул се игра на 6 ноември во главниот град на нашиот северен сосед.

Facebook Коментари