Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Шахтјор прими 10 гола од Менхегладбах, но има „кралски рецепт“ за неубедливиот Реал (Видео)

Објавено

на

Шахтјор Доњецк прими вкупно 10 гола на два меча и беше буквално понижен од Борусија Менхегладбах со 6:0 и 4:0, но затоа вечерва на втор натпревар по ред докажа дека има рецепт за големиот Реал Мадрид.

Откако го шокираше главниот фаворит во групата во првото коло на негов терен, украинскиот тим денеска направи огромно изненадување и во Киев, бидејќи дефинитивно никој не очекуваше да оствари триумф по двете хорор изданија против германскиот претставник во Лигата на шампионите.

Играчите на Реал Мадрид и Зинедин Зидан имаат за што да жалат оваа вечер, бидејќи во првото полувреме беа далеку подобар тим и не ги искористија најдобрите шанси, за што беа сурово казнети во продолжението. Асенсио најпрво го погоди дирекот уште на самиот старт, а пред крајот на првиот дел Трубин одлично реагираше по еден негов шут од непосредна близина.

Фактот што Реал не обезбеди водство во првиот дел му овозможи на Шахтјор да биде во резултатска игра, па по огромната грешка на потесната одбрана предводена од Варан, домаќините поведоа со голот на Дентињо во 57-та минута.

По примениот гол, Реал ја „нагази“ топката и се обидуваше да создаде нова шанса за гол, но откако не успеа во тоа, следеше молскавична контра на спротивната страна по која Соломон погоди за 2:0 во 82-та минута.

Со втората победа над Реал, Шахтјор сега го мина шпанскиот тим на табелата и се искачи на второто место, што го става Реал во навистина непријатна ситуација во пресрет на последното коло во групната фаза. На вториот меч во терминот од 18:55 часот, Салцбург го победи Локомотив со 1:3.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни