Шахтјор му го нанесе првиот пораз на Сити, Ливерпул го уништи Спартак на „Енфилд Роуд“ (Видео)

ismaili

По вечерашните мечеви од групите Е,Ф, Г и Х познати се сите патници во нокаут фазата во Лигата на шампионите.

Таму ќе биде и составот на Шахтјор Доњецк кој вечерва пред своите гледачи славеше над Манчестер Сити со 2-1. Ова за „граѓаните“ беше прв пораз во сите натпреварувања во актуелнава кампања, а за тоа биде така се погрижија Бернард и Исмаили.

Првиот во 26 минута даде прекрасен погодок, додека пак вториот стрелаше во 32 минута. Почесниот погодок за Сити беше дело на Агуеро од пенал во 92 минута.

Премиерлигашот оваа фаза ја завршува со 15 поени, украински Шахтјор собра 12, Наполи кој вечерва загуби од Феенорд со 2-1 е трет и ќе игра во ЛЕ, додека за холандскиот претставник ова беа првите три бодови.

Ливерпул имаше шоу против Спартак Москва притоа испраќајќи го рускиот прволигаш со седум погодоци во негова мрежа. Се почна во 4 минути и пеналот на Кутињо, по што стрелаа Кутињо, Фирмино, Мане, Кутињо, Мане и Салах.

Во вториот меч од Г групата немаше победник, Марибор и Севилја одиграа 1-1.

Порто со триумфот над Монако од 5-2 обезбеди нокаут фаза од групата Г заедно со Бешикташ кој вечерва го доби РБ Лајпциг со 2-1.

Реал и Тотенхем очекувано ги победија Борусија Дортмунд (3-2) и АПОЕЛ (3-0) во групата Х.

Facebook Коментари