Поврзете се со нас

Лига Европа

Шахтјор и Копенхаген се првите четвртфиналисти во Лига Европа (Видео)

Објавено

на

Фудбалските натпреварувања во Европа започнаа со рестартот на второто по ранг натпреварување на стариот континент, а денеска првите на програмата беа дуелите на Шахтјор-Волфзбург, односно Копенхаген-Башакшехир.

Во двата случаи многу поуспешни беа домашните тимови кои добија шанса да играат на своите стадиони пред да се преселат на „фајнал-ејт“ турнирот во Германија, а интересно на двата натпревари бевме сведоци на ист резултат.

Украинскиот тим Шахтјор имаше водство и по првиот меч во Германија (2:1), но денеска само ја доработи задачата, и тоа во самата завршница.

Резултатот беше 0:0 до 89-та минута, а потоа во период од 4 минути видовме три гола, и тоа два на Мораеш и еден на Соломон за конечни 5:1 во двомечот.

За разлика од Шахтјор, Копенхаген мораше да брка пресврт бидејќи првиот меч против Башакшехир го загуби 1:0, но денеска со уверливи 3:0 славеше во Данска и стана втор патник во четвртфиналето заедно со Шахтјор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни