Поврзете се со нас

Шах

Шаховскиот клуб „Алкалоид“ ги отвора вратите за младите таленти

Објавено

на

Шаховскиот клуб „Алкалоид“ ги отвора вратите за младите таленти од Македонија објавувајќи дека од 8 февруари ќе запишува нови членови.

Нашиот најтрофеен шаховски колектив денеска преку својата веб страна упати повик до заинтересираните младинци на возраст од 6 до 14 години.

ШК Алкалоид беше европски првак во 2016 година, кога во Нови Сад испиша историја освојувајќи го Европскиот клупски куп (пандан на Лигата на шампионите), а во нивните редови се наоѓаат и најуспешните играчи во поновата македонска историја: велемајсторите Трајко Недев и Драган Јаќимовиќ кои освоија медали на европски првенства и олимпијади, како и повеќекратните државни шампиони на нашата земја, велемајсторите Влатко Богдановски и Звонко Станојоски.

Во редовите на тренерите кај „фармацевтите кои се „доктори“ за титули“ се наоѓаат и Интернационалниот мајстор Дејан Стојановски, светски младински првак во брзопотезен шах, како и селекторот на македонскиот машки тим, ВМ Роландо Кутиров, исто така поранешен двократен шампион на Македонија.

Според најавата, првичната настава ќе биде бесплатна, а натаму предвидено е со минимална членарина да се продолжи со шаховската наобразба која е особено корисна за развојот на младите. Дополнително, предвиден е попуст за девојчиња заради стимулирање на женскиот шах, како и за семеен попуст за оние кои имаат повеќе деца – шаховски ученици.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни