Шаховски велемајстор уловен како користи телефон за време на партија

igors-rausis

Познато шаховско име е дисквалификувано од турнир во Франција, откако Светската шаховска федерација (ФИДЕ) утврдила дека направил измама користејќи мобилен телефон за време на партиите.

Се работи за велемајсторот Игорс Раусас за кого во минатото имаше шпекулации дека недозволено користи технологија, но дури сега ФИДЕ дошла до фотографија како доказ за неговите активности додека е во тоалет.

Раусис е велемајстор од 1992 година и досега ги има претставувано Летонија, Бангладеш и Чешка, а најверојатно ќе добие жестока казна од Етичкиот комитет на ФИДЕ чија главна борба е токму против ваквите измами.

Информацијата за дисквалификацијата на Раусис одекна експресно во шаховскиот свет поради сомнежите за неговите досегашни резултати, но и поради фактот што неговиот напредок на 58-годишна возраст до рејтинг 2686 претставуваше исклучок во играта во која обично оваа возраст носи и пад на рејтингот. Раусис стана и највозрасниот шахист во Топ 100 на ФИДЕ ранкингот и стигна до 40. место.

Одговорните во Фер-плеј комисијата на ФИДЕ денеска објавиле дека внимателно го следеле Раусис изминатите месеци, а кулминацијата се случила на турнирот во Стразбур, кога главниот судија алармирал за неговото однесување, при што е направена фотографија како ракува со паметен телефон во тоалет. Одговорните не објавија како е направена фотографијата и дали е утврдено дека Раусис користел некој од софтверите со богата база шаховски партии и сугестии за наредните потези. Летонецот досега јавно призна дека телефонот бил негов и погрешил што го користел во тоалетот.

Facebook Коментари