Поврзете се со нас

Германија

Шахин пред отказ во Дортмунд, поранешен тренер на Јунајтед фаворит за да го замени

Објавено

на

foto: x.com/BVB

Борусија Дортмунд игра непрепознатлииво во досегашниот тек на оваа сезона, резултати кои како што стојат работите ќе му донесат отказ на тренерот Нури Шахин.

„Милионерите“ одамна се елиминирани од Купот на Германија, во Бундеслигата се дури на десеттото место, а единствената светла точка е Лигата на шампионите каде тимот славеше на четири од шесте мечеви во групната фаза.

Притисокот врз тренерот Шахин е се поголем и мечот со Болоња во елитното натпреварување се најавува како клучен за идинината, поточно ако бунделсигашот не оствари позитивен резултат тоа ќе значи крај на неговата епизода на клупата на германскиот великан.

Според „Скај Спортс“ во Германија. прв фаворит за жешкото столче е некогашниот предводник на Ајакс и Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг. Тој е слободен агент, веднаш е достапен и токму поради ова е во прв план.

Како други опции се споменуваат Сандро Вагнер, но и човекот кој го предводи Штутгарт, Себастијан Хенес.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни