Поврзете се со нас

Шпанија

Шах-мат во три потези: Жиру, Леао и Тео најдоа решение за Наполи (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Милан и Наполи не понудија преатрактивен и допадлив фудбал на големото дерби со кое беше затворена неделната програма, но затоа домашниот тим ја продолжи позитивната серија и сега дојде на само бод од Јувентус.

„Росонерите“ дојдоа до петтата победа на последните шест меча и најдоа решение за грогираниот италијански шампион, кој оваа сезона не игра ниту приближно добро како претходната.

Наполи „преспа“ добри 60 минути и првиот удар кон голот го имаше Кварацхелија во 66-та, но до таа фаза, Милан успеа да профитира од подобрата и подиректна игра.

Решавачкиот момент се случи во првиот дел кога одлична акција креираа Тео, Жиру и Леао, со тоа што левиот бек ја заврши со гол и го матираше голманот на Наполи.

Ернандес ја почна акцијата и самиот ја заврши, па овој момент се покажа одлучувачки и покрај тоа што Наполи се закани на крајот, но на крајот немаше среќа за да извлече барем бод.

Симиќ за малку ќе си постигнеше автогол, но „росонерите“ имаат и среќа и така ја сочуваа победата со која се зацементираа на третото, а сега се блиску и до второто место.

Решавачкиот гол погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни