Поврзете се со нас

Европски првенства

Шах-мат во три потези: Шпанците со едноставна акција го извадија од игра цел тим на Албанија (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/SEFutbol

Луис де ла Фуенте направи 10 промени во стартниот тим на Шпанија за мечот со Албанија, но дури и во таква ситуација, „фуријата“ одигра едно доминантно прво полувреме.

Шпанците доминираа во секој фудбалски елемент и заслужено заминаа на пауза со предност од 1:0, а разликата ја направи една едноставна акција во три потези.

Вториот тим на Де Ла Фуенте режираше шах-мат во три потези, а за тоа беа заслужни Лапорт, Олмо и Феран Торес.

Стоперот Лапорт испрати извонредно додвање низ средината со која мина два реда од албанскиот блок, а потоа Олмо несебично додаде до Феран кој од прва стрелаше за 1:0.

Ова само покажува дека Шпанија располага со два силни состави на ова Европско првенство, па прикажаната игра полека прави „фуријата“ да биде меѓу главните фаворити за шампионската титула на турнирот во Германија.

Видеото погледнете  го ТУКА 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни