Шах-мат во два потези: Тиаго и Милер со „цепелин“ ја крунисааа победата над Звезда (Видео)

baern

Екипата на Баерн Минхен ја оправда улогата на фаворит и славеше со 3-0 над Црвена Звезда во групата Б во Лигата на шампионите.

Баварците во самиот финиш ги потврдија трите бода и тоа со погодоците на Роберт Левандовски во 80 и Томас Милер во 91 минута. Токму овој последниот гол беше вистинско ремек дело, школска акција во два потези во која Тиаго испрати луциден пас со кој ја измами одбраната на Звезда, односно топката стигна до Милер кој ја смести во мрежата на Борјан.

Facebook Коментари