Поврзете се со нас

Свет

Шах-мат во два потези: Мајсторскиот лоб на Ди Марија предизвика делириум на „Луж“ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/slbenfica_en

По пет одиграни кола, Бенфика веќе заостанува пет бода зад Спортинг и тоа воопшто не им се допаѓа на фановите на „лисабонските орли“, па затоа вчерашниот натпревар против Санта Клара беше уште поважен за избраниците на Бруно Лаге.

Бенфика веќе го менуваше тренерот во почетната фаза на новата сезона и му врачи отказ на Роџер Шмит, а новиот старт под водство на Лаге тргна добро на „Луж“.

Домашниот тим беше предизвикан поради примен гол уште во воведните секунди од натпреварот, но фаворитот успеа да направи пресврт и да стави печат на победата со мајсторски гол.

Ветеранот Анхел Ди Марија остана во Бенфика и го одложи своето враќање на клупски план во Аргентина, а дека се уште може да игра на највисоко ниво во Европа покажа и синоќа.

Ди Марија постигна мајсторски лоб за потврда на победата од 4:1, откако претходно доби неверојатно добар пас од Александар Бах.

Анхел испринта како во најдобрите денови и воопшто не ја прими топката, односно со првиот допир го матираше голманот и предизвика делириум на трибините.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни