Поврзете се со нас

Шпанија

Сезар: Реал има стопер за наредните десет години

Објавено

на

Екипата на Реал Мадрид за кратко време положи три важни испити, дербито со Барселона во Шпанија и двомечот со Ливерпул во Лигата на шампионите каде обезбеди пласман во полуфиналето во кое ќе излезе на мегдан против Челси.

Ова беа дуели во кои „кралевите“ беа без првата стоперска комбинација Рамос и Варан, но во нивно отсуство блеснаа Начо и Едер Милитао особено овој вториот кој често во минатото беше мета на критики, поточно беше поставувано прашањето дали е доволно добар за да игра за шпанскиот великан.

-Не сум изненаден од добрите настапи на Милитао, му требаше некое време бидејќи играњето во Реал Мадрид е малку комплицирано, но тој е играч за наредните 10 години, -вели Жулио Сезар кој беше дел од кралскиот клуб во периодот од 1999 до 2002 година.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни