Поврзете се со нас

Шпанија

Севилја се пофали со големо засилување од Реал Мадрид

Објавено

на

Шпанските медиуми уште на почетокот на летото пишуваа дека Севилја има договор за соработка со досегашен фудбалер на Реал Мадрид, нешто што беше потврдено денеска.

Се работи за Иско Алкаркон, кој по неколку сезони со помала минутажа, во иднина ќе се докажува во редовите на Севилја, чиј тренер Хулен Лопетеги сигурно има сериозни планови за него.

Токму Лопетеги му беше тренер на Иско во Реал и шпанската репрезентацја, во периодот во кој фудбалерот и најмногу го покажа својот потенцијал.

Иско и Реал се разделија откако истече последниот договор за соработка, а сега офанзивниот играч за врска потпишал двегодишен договор со Севилја.

Фудбалерот имал многу побогати понуди од други земји, но решил да ја прифати таа со помала плата на Севилја, пред се поради желбата да остане во Шпанија и да се докажува во Ла Лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни