Поврзете се со нас

Шпанија

Севилја му врачи отказ на Сампаоли

Објавено

на

foto: https://twitter.com/SevillaFC_ENG

Шпанскиот клуб Севилја направи втора тренерска смена сезонава, отпуштајќи го Хорге Сампаоли.

Аргентинскиот стручњак беше доведен како замена за Хулен Лопетеги во октомври, но неколку месеци подоцна и самиот доби отказно решение од андалузискиот состав.

Сампаоли ја предводеше Севилја на 31 натпревар, при што беа забележани 13 победи, 12 порази и 6 нерешени резултати.

Клубот беше елиминиран во Купот од Осасуна, а успеа да стигне до четвртфиналето на Лига Европа, каде за противник ќе го има Манчестер Јунајтед.

Ситуацијата во Ла Лига е далеку од посакуваната и Севилја е блиску до опасната зона, што заедно со заладените односи со дел од фудбалерите, било и главна причина за решението на раководството.

Медиумите тврдат дека најблиску до позицијата е Хозе Луис Мендилибар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни