Поврзете се со нас

Германија

Севилја ја засилува одбраната со дефанзивец од Баерн Минхен

Објавено

на

Шпанска Севилја во летниот преоден рок ја прифати продажбата на Жил Кунде, а пред неговиот крај ќе доведе дефанзивец од Баерн Минхен.

Во Ла Лига треба да се пресели Тангуј Нианзу, 20-годишниот фудбалер кој не успеа да го потврди потенцијалот во редовите на бундеслигашот и ќе бара нова шанса, овој пат во Севилја.

Баерн го доведе Нианзу пред две години од ПСЖ како голем талент, но повредите и слабата форма не му дозволија да игра почесто во составот на германскиот тим.

Тоа сигурно немаше да се случи ни годинава откако Баерн го ангажираше Матијс де Лихт, па затоа клубот ја прифатил понудата на Севилја и ќе заработи солидни 20 милиони евра за Нианзу.

За две сезони овој фудбалер има 28 настапи за Баерн, од кои најчесто како резерва, при што постигна и еден гол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни