Поврзете се со нас

Шпанија

Севилја ја доби голеадата со Селта Виго и остана во игра за титулата во Ла Лига (Видео)

Објавено

на

Екипата на Севилја славеше доста важна победа на гостувањето кај Селта Виго во натпревар на  кој паднаа седум погодоци.

Клубот од Андалузија славеше со 4:3 иако во два наврати имаше негатива, но на крајот успеа да направи пресврт и да стигне до трите погодоци.

Жулс Кунде уште во 7. минута го отвори резултатот и донесе водство за Севилја, за  потоа Селта да врати со брзи два гола преку Аспас и да ја преземе предноста. Фернандо во 35. минута израмни на 2:2, но радоста на Севилја не траеше долго затоа што Мендез во 43. минута зголеми на 3:2.

И во вториот дел се играше израмнет и возбудлив фудбал во кој подобро се снајде Севилја која стигна до значајната победа со головите на искусните Ракитиќ и Пау Гомез.

Со оваа победа Севилја стигна до вкупно 61. поен и заостанува само шест поени зад лидерот Атлетико Мадрид со реални шанси за освојување на титулата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни