Севилја има свој Ибрахимовиќ: Се вика Ибра, има 12 години и врсниците изгледаат смешно во споредба со него (Видео)

ibra-12

Секоја година, по крајот на фудаблските шампионати во националните првенства, крајно актуелен во Шпанија е „Ла Лига Промисес“, натпреварување во кое се соочуваат најталентираните играчи на светски познатите клубови.

Станува збор за турнир во кој настапуваат деца до 12 години кои се дел од фудбалските школи на познатите клубови во Шпанија, а изминативе два дена вистински хит е напаѓачот на Севилја. Неговото име е Ибрахима Соу, неговите соиграчи го викаат Ибра, а фактот што по својата конституција навистина наликува на оригиналниот Ибрахимвиќ направи да биде сензација. За да биде работата уште поинтересна се погрижи младиот Сенегалец, кој постигна исклучително добар гол со кој само ја демонстрираше својата физичка надмоќ над врсниците.

Ибра дал два гола на мечот во осминафиналето, а потоа беше одлучувачки и во дербито со лутиот ривал Бетис.

Facebook Коментари