Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Севилја доживеа шок, но постави и интересен рекорд во Лигата на шампионите

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/SevillaFC

Шпанска Севилја имаше водство од 2:0 во дуелот со ПСВ Ајндховен во Лигата на шампионите, но на крајот домашните фанови беа шокирани од конечниот резултат.

Гостите од Холандија направија целосен пресврт и славеа со 2:3 во многу важен натпревар, обезбедувајќи си пласман во осминафиналето на елитното европско натпреварување.

Покрај по пресвртот, натпреварот ќе биде запаметен и по рекордот кој го постигна клубот од Андалузија во Лигата на шампионите.

Вредните статистичари од ОПТА пресметаа дека Севилја вечерва го започнала натпреварот со највозрасен состав во историјата на натпреварувањето. Серхио Рамос, Иван Ракитиќ, Хезус Навас и нивните соиграчи се погрижија шпанскиот претставник да го започне дуелот со фудбалери со просечна возраст од 32 години и 19 дена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни